• Sat. May 18th, 2024

Формирана комисија што ќе ја истражува смртта на гевгеличанката Динева

Министерот за здравство денеска ја формира комисијата којашто ќе треба да ја испитува причината за смртта на 31 годишната гевгеличанка Елизабета Савиќ Динева. Врз основа на извештаите од Државниот здравствен испекторат но и обдукицските наоди ќе се бараат одговорите како починала младата жена. Од инспекторатот велат дека вчера биле во контрола на општа болница Гевгелија, но и на матичниот лекар што ја водел бременоста на Динева.

Од инспекторатот информираат дека нивна екипа била во посета и на одделението за неврологија и на Карил в Скопје, и дека целокупниот извештај којшто е преобемен ќе биде предаден ан новоформираната комисија.

Семејството на починатата се сомнева дека е направен лекарски пропуст во гевгелиската болница и негираат дека Елизабета имала епилептични напади порано.

Од болницата велат дека породувањето почнало по природен пат, но заради ненапредување на процесот, присутните лекари констатирале дека е подобро да се направи породување со царски рез.

Овој е втор смртен случај во гевгелиската болница псоледниве три години. Во октомври 2015 при породување со царски рез почина дојранчанката Маја Кадиева и нејзиното бебе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *