Македонија

Османи на министерски состанок на ОН за мировни операции

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Обединетите нации за мировни операции, што ќе се одржи виртуелно, во организација на министерот за надворешни работи на Република Кореја, Чунг Еуи-јонг и министерот за национална одбрана, Су Вок, заедно со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Како што соопшти МНР,  Османи ќе се обрати на првата сесија „Одржување на мирот”, на која ќе бидат разменети мислења за соработката во делот на мировните операции во рамки на ОН, како и за превентивната дипломатија како основа за градење на мирот.

Препорачуваме:

„Банка за храна“ го одбележа Светскиот Ден против отпадот и загубите од храна

РСБСП со предупредување: Возете внимателно по влажните коловози

Сузана Мицева

Центар за дијаспора во Василево, Босилово и Ново Село