• Thu. May 16th, 2024

РСБСП со предупредување: Возете внимателно по влажните коловози

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата потдетува дека сообраќајот е континуирана интеракција помеѓу три главни фактори: однесувањето на учесниците во сообраќајот; безбедноста на сообраќајната инфаструктура, условите на патот и неговите карактеристики; и возилото. Според тоа, патот е значаен фактор и една од алките на синџирот за безбедност во сообраќајот.

„ Кога се зборува за патот како фактор за безбедност во сообраќајот, се мисли и на улиците, мостовите, тунелите, надвозниците, подвозниците и др. Процентот на сообраќајни незгоди што настанале како последица од недостатоци и оштетување на коловозната конструкција се движи во одредени граници заради кои не треба да се заобиколи при анализата на причинитe кои доведуваат до сообраќајни незгоди.

Во таа насока, секој учесник во сообраќајот треба да ги има предвид и видот и состојбата на патот по кој сообраќа (автопат, магистрален, регионален или локален пат, ширината на патот, неосветлените патишта, острите кривини, бројот на сообраќајни ленти и ширината на сообраќајните ленти на патот, оштетените патни површини, патната сигнализација и сл.). Особено треба да се внимава при сообраќај на некатегоризираните патишта (полски, шумски патишта и сл.)“ наведува РСБСП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *