• Wed. May 15th, 2024

Радев во јануари ќе го свика Консултативниот совет за НБ

Бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност (КСНС) во врска со темата за Република Северна Македонија ќе биде свикан во првата половина на јануари. Ова го соопшти бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите по свеченоста на која Централната изборна комисија им ги врачи уверенијата на избраните претседател и потпретседател на Бугарија.

Важно е да имаме став на ова политичко тело, за кој и партиите ќе имаат јасна позиција за тоа што треба да се направи за да се забрза процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, но имајќи го предвид и почитувајќи го бугарскиот национален интерес, изјави Радев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *