Регион

Василево асфалтираше во Нова маала

Општина Василево денеска асфалтираше улица во населеното место Нова маала во должина од 300 метри . Станува збор за улица во т.н. горно маало што води до селската продавница каде живеат повеќе десетина домакинства. Улицата е во должина од 4 метри и ја изведува градежната компанија Бони интерградба од Штип. Според градоначалникот на Василево – Марјан Јанев улицата е согласно годишната програма за изградба на локални патишта и улици, заснована врз потребите на граѓаните. Впрочем оваа улица била истакната како приоритет од жителите на Нова маала.

Деновиве општина Василево асфалтираше улица и во населеното место Седларци а наскоро се очекува да биде асфалтирана и улица во општинскиот центар во должина од 100 метри. Овие три улици се градат со општински пари  во висина од милион и 100 илјади денари . Градоначалникот на Василево Мрјан Јанев вели дека патната инфраструктура останува како приоритет

,,Она што е започнато во текот на оваа градежна сезона, односно  улицата во Василево од пошта до повеќенаменското игралиште ,  улиците во Сушево, Градошорци и Пиперево, но и овие три улици што ги работиме, целосно ќе бидат завршени. За често споменуваната улицата во Нова Маала  до џамијата, во тек е подготовка на техничка документација, за некои  сме во фаза на аплицирање и чекаме позитивни одговори за средства за реализација, но она што е најбитно  е дека не отстапуваме од намерата  целосно да ја подобриме инфраструктурата во сите населени места на општина Василево, бидејќи наша единствена цел  е подобрување на условите за живот на сите наши сограѓани“, дециден е градоначалникот  Јанев.

Препорачуваме:

Отпуштените работници да не плаќаат вода и струја, бара Конфедерацијата на слободни синдикати

Стојне Митева

Мухамед Зеќири осомничен за склучен договор без јавна набавка

Стојне Митева

Првиот македонски хорор филм „М“ на Вардан Тозија на 31 октомври во Струмица

Ѓ. K.