• Thu. May 16th, 2024

Отпуштените работници да не плаќаат вода и струја, бара Конфедерацијата на слободни синдикати

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Државата во име на солидарноста да се откаже од режиските трошоци за струја и вода за граѓаните кои останаа без работа поради состојбата со коронавирусот. Ова е едно од барањата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), кое ќе го достави до Владата.„Како најголем производител на струја и како сопственик на ресурсите со вода, бараме Владата да донесе уредба со која сите режиски трошоци на работниците кои добиле отказ да не се наплаќаат. Надоместок од 7 000 денари не е доволен за ниту едно семејство од Македонија да може да преживее, а од друга страна трошоците за режиски трошоци ќе им се соберат, така ќе настане проблем како тие ќе ги регулираат и понатаму, знаејќи дека голем дел од нив може да останат без работа и подолг временски период“,

стои во соопштението.

Од КСС побараа и Агенцијата за вработување да излезе со план за контакт на сите лица кои добиле откази, со цел да се избегнат турканици пред објектот.„Бараме од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување да излезат во јавноста со план и да ги контактираат сите работници со цел да не се групираат и изложат на опасност од зараза. Владата да изнајде решение тие без доаѓање во Агенцијата за вработување да ги остварат своите права на надомест поради губење на работното место предизвикано од пандемијата со вирусот ковид-19“,

се вели во соопштението од КСС.
 
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *