Свет

ООН: Руската вакцина со важна улога

ООН: Руската вакцина со важна улога. Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш смета дека руските вакцини против Ковид-19 можат да играат многу важна улога во борбата против пандемијата. Се надева дека Светската здравствена организација (СЗО) наскоро ќе ги одобри.

„Единствениот услов што го имаат ООН во врска со вакцините е да можеме да ги користиме само доколку се одобрени од СЗО. Знам дека во овој момент има контакти меѓу руските власти и СЗО. Се надевам дека преку нив на најбрз можен начин ќе се одобрат и ќе биде признаена ефективноста на руската вакцина“, рече Гутереш во интервју за ТАСС.

Генералниот секретар на ООН исто така смета дека е важно имунизацијата да биде достапна за секого и насекаде. Руската вакцина со важна улога против пандемијата.

„Руската вакцина може да биде корисна во многу мисии на ООН. Особено во некои чувствителни делови на светот. Таму ќе ни требаат вакцини за нашиот персонал и населението на кое му помагаме во мировните операции“, додаде Гутереш.

Руската вакцина со важна улога против пандемијата.Во септември 2020 година, рускиот претседател Владимир Путин за време на говорот во Генералното собрание на ООН изјави дека Русија е подготвена на ООН бесплатно да им ја испорача својата вакцина „спутник V“, наведува агенцијата.

Препорачуваме:

Зошто е плажата толку опасна?

Стојне Митева

(Видео) Еден починат и 600 уапсени на протестот во Берлин против корона-мерките

Сузана Мицева

Во Словенија само една доза вакцина за прележани со Ковид-19

Сузана Мицева