• Sat. May 18th, 2024

Норвешка ги затвора границите

Норвешка ги затвора границите. Од четврток на полноќ Норвешка ќе ги воведе најстриктните правила на својата територија од 12 март. Како што најави премиерката Ерна Солберг на прес-конференција, границата ќе биде затворена за сите што не живеат во Норвешка.

Норвешка ги затвора границите, но, сепак ќе има исклучоци за здравствени работници. Ова важи за тие што доаѓаат од Шведска и Финска, како и за превозници на стоки. Меѓу исклучоците се вклучени и работниците за одредени бранши и странските новинари, но не и спортистите кои треба да учествуваат на скијачки натпревари во следните недели. Норвешка не е членка од ЕУ, но е дел од шенген-зоната. Мерките ќе бидат разгледани повторно по две недели.

Во моментов епидемиолозите ширум светот работат на краткорочни и долгорочни прогнози на иднината.

Веќе е јасно дека корона – вирусот нема да исчезне туку така, а еве што предвидуваат научниците, како ќе изгледа следната 2021 година.

Јуни 2021 година. Вирусот постои година и половина и се уште се шири. Повремени карантини се нормална работа. Постои вакцина којашто нуди заштита во траење од шест месеци, но меѓународните односи ја забавуваат дистрибуцијата. До сега се заразени околу 250 милиони луѓе, а починале 1.75 милиони.

Ова е едно од можните сценарија. Епидемиолозите се подготвуваат за периодот што следи, бидејќи очекувањата се дека есента ќе биде предизвик за голем број земји.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *