Забава Регион

„Окото“ на градот, Сречко Гунчев, заминува во пензија

Животот постојано се менува, и најверојатно, така треба да биде. По синоќешната изложба во Центарот за култура „Антон Панов“, многу нешта во градот ќе имаат сосема поинаква динамика. Прво, затоа што тоа е ретроспективна изложба на децениската фотографска кариера на Сречко Гунчев, кој неформално е „окото“ на градот. Како второ, тој заминува во пензија, па додека друг ја преземе таа некрунисана титула, повеќе од сигурно е дека ќе се чувствува празнина во фотомеморијата на градот.

Сречко е убеден дека дружбата со фотоапаратот нема да згасне, напротив, ќе биде многу поинтензивна сега, кога ќе има време на претек за својата љубов, уметничката фотографија.

Вредно е да се забележи дека Гунчев помина во НУЦК „Антон Панов“ речиси три децении и ги регистрираше сите претстави, концерти, уметнички и други настани што се одржуваа во тој простор.

Неговата синоќешна изложба бешесо наслов „Шарено со шарки“. Уште многу креативни шаренила, Сречко!

Препорачуваме:

За првпат во историјата Струмица добива Младински центар

Ѓ. K.

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Сузана Мицева

Ги охрабрувам вработените од Луна да продолжат со заловување на уличните кучиња, вели Костадинов

Ване Трајков