Забава Регион

Наставничката Соња Цицимова и годинава со две маски на струмичкиот карневал

Интензивна подготовка од утро до мрак последните седмици пред големиот Струмички карневал. Од деца до баби и пријатели, сите имаат своја улога во подготвувањето на маските. Наставничката Соња Цицимова од основното училиште „Видое Подгорец“ од Струмица, се чини дека е во голема брзаница деновиве, затоа што подготвува две карневалски маски со кои ќе настапи на големото дефиле во сабота, и на детскиот карневал во недела.

Со третоодделенците на кои им предава има весела детска маска, костимите веќе се поделени, а ги изработуваа вредните родители со помош на некоја баба, пријателка, па дури и некои од децата помагаа во изработката на деталите.

Соња не се разделува и од поранешното одделение кое е веќе осмо одделение. Со нив секоја година изработува нова маска, а таму во карневалската група учествуваат и родителите.

Го гледаме деталите, шарените материјали, но, карневалскиот кодекс налага криење на маската, па така, не знаеме како ќе изгледаат малите карневалџии. ОСтанува да ги посетиме карневалските претставувања и да ги препознаеме малите креативци.

Препорачуваме:

Општина Струмица ќе издвои 125 илјади евра за привремени вработувања

54 возачи од Југоистокот казнети за брзо возење

Видео: Поезијата на Стефан Марковски прозвучи во градскиот парк

Сузана Мицева