• Sat. May 11th, 2024

Околу 25% од жените што користат психотропни супстанци се и жртви на родово-базирано насилство

Не ретко се случува жените коишто се борат со зависности да бидат и жртви на друг вид насилство. Истражувањата говорат дека околу 25% од жените што користат психотропни супстанци се и жртви на родово-базирано насилство.

Во Струмица се одржа работилница на која се говореше токму за овој проблем и како треба да се пристспува, со оглед дека вработените во македонскиот здравствен систем не поседуваат доволно вештини при постапување со жртви на родово-базирано насилство.

Од организациите велат дека жените кои преживуваат родово-базирано насилство се соочуваат со големо чувство на страв и срам поради кое не можат да видат излез од ситуацијата во која се наоѓаат. Стигматизацијата и предрасудите во општеството се дополнителна причина за молк. 

Преку разговор и советување со стручни лица тие може да ја добијат потребната поддршка и разбирање и заедно со организациите да дојдат до решение на проблемите со кои е тешко да се борат сами. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *