• Sat. May 18th, 2024

Предложено укинување на КОВИД-сертификатите при влез во земјава

Предложено укинување на КОВИД-сертификатите при влез во земјава

Да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјата, препорача вчера Комисијата за заразни болести. Засега останува сертификатот да важи за влез во затворен дел на угостителските објекти бидејќи Комисјата смета дека е потребно постепено олабавување на рестрикциите.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ вчера на прес-конференција рече дека постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките.

Најновата препорака од Комисијата ќе стапи на сила откако ќе биде усвоена од страна на Владата.

Министерот за здравство, Беким Сали го дели истиот став со Комисијата и смета дека сè уште не може да се каже дека е крај на корона-пандемијата и оти не може временски да се прецизира кога ќе се тргнат сите ковид-рестрикции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *