Спорт

ОК Струмица Никоб во Лигата на Шампиони

ОК Струмица Никоб во Лигата на Шампиони ќе игра со противникот од Холандија. Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб го дозна противникот во квалификациите на Лигата на шампионите. Тоа ќе биде екипата на Динамо Апелдорн, која е на врвот во холандското првенство две сезони во низа.

Нашиот претставник со победа ќе закаже дуел против Бенфика. Евентуален пораз ќе значи пласман во ЦЕВ Купот, каде следува двомеч со Мурса Осијек од Хрватска. Првиот историски натпревар во елитното клупско натпреварување Струмица Никоб ќе го игра на домашен терен во период од 20-22 септември, а реваншот е закажан седум дена подоцна.

Препорачуваме:

Струмица има пингпонгарски потенцијал, пионерите на ППК ,,Струмица’’ станаа Вицешампиони

Струмица му одржа лекција на Пробиштип а победи забележаа и Наковски Волеј и Македонија Макс

Ване Трајков

Наковски Волеј не го дава врвот, славеа победа против Бами кор во Тетово