Регион

Одобрени нови средства за надградба на колекторскиот систем и изградба на пречистителна станица во Дојран

Општина Дојран доби дополнителни 65 милиони денари од Владата за надградба на колекторскиот систем и изградба на нова пречистителна станица. Со тоа Дојран располага со вкупно 135 милиони денари, а потребни ќе им се околу 180 милиони денари за завршување на двата проекта.

Градоначалникот Ангов рече дека парите што недостасуваат ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа и од донации.

Тендерските постапки за двата проекти треба да започнат на почетокот од 2023 година. Се очекува колекторот да е во функција пред почетокот на туристичката сезона.

Препорачуваме:

Нелегален увоз на земјоделски семенски материјал од Бугарија

Прифатилиште за бездомни животни во Струмица и Гевгелија

Струмичани кои нема да ги посети попишувач, ќе можат да се попишат во просториите на дом на АРМ