Регион

Синоќа во Дојран се одржа „Дојранска софра“

Дојранчанки ги засукаа ракавите и зготвија вкусни специјалитети познати и специфични за Дојран. Десетици видови риба: на скара, на жар, во тава, пржена, во баница, се понуди на традиционалниот настан „Дојранска софра“ што го организира здружението на жени „Дојрана“. Храна каква што само можете да замислите е дел од локалниот гурмански тефтер, а рецептите остануваат тајана. Дојранчанки не сакаат да го откијат својот марифет. Велат, наследени им се од нивните мајки, бабаи, свекрви, па традицијата на вкусна езерска храна ќе ја пренесуваат и на идните генерации.

Настанот се одржа во хотел „Романтик“ и има за цел да се промовира богатата културна традиција на Дојран.

Препорачуваме:

1500 бегалци и економски мигранти сe речиси 2 месеци заглавени на македонска територија.

Стојне Митева

Костадинов даде отчет за првите 100 дена од мандатот

Од денеска ограничување за движење низ шумите

Сузана Мицева