• Wed. May 15th, 2024

Ново зголемување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22% во однос на одлуката од 25.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V), се зголемуваат за 1,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,140 ден/кг и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 84,00 ден/лит, додека на Мазутот М-1 НС изнесува 57,347 ден/кг.

Од 29.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 83,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 85,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 87,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 84,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 57,347 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,788% или за 19,150 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 2,412% или за 28,700 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,184 % или за 24,450 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,268% или за 16,200 $/тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0533 ден/$ и е за околу 0,133 % повисок од курсот на доларот (55,9790 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *