• Sat. May 18th, 2024

Распишан литературен конкурс за средношколците во чест на Иван Василевски

Денеска на седумгодишнината од смртта на поетот, распишан е литературен конкурс за средношколците во чест на Иван Василевски. Овој конкурс веќе станува традиционален, а целта е да се поттикнуваат младите таленти на творештво, но, и да се афирмира големото и многузначајно творештво на Василевски. Конкурсот годинава го носи името „Заточени души“ според песна на Василевски. Организаторите, друштвото за наука, литература, култура и уметност, Иван Василевски, велат дека конкурсот е отворен за сите средношколци, тие можат да учествуваат со по една поетска или прозна творба, додека нивните професори можат да менторираат најмногу тројца ученици.

Творбите да се испраќаат на меил: zdruzenieivanvasilevski@gmail.com, до 20 мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *