Регион

На Д фестивал во Дојран приведени лица со кокаин, екстази и марихуана

По повеќечасовен претрес на присутните на Д фестивал во Дојран, приведени лица со кокаин, екстази и марихуана.

Од МВР информираат дека во периодот од 19.50 часот на 01.07. до 03.00 часот на 02.07.2022 за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола и ги лишиле од слобода М.Ж.(26), Ф.П.(25), Ж.Н.(26), К.Ј.(28), Ј.Р.(21), Д.Т.(22) и Ф.П.(34), сите од Скопје, И.Г.(25) од с.Кадино, општина Илинден, А.С.(26) и В.Б.(26) од Кавадарци, А.П.(26) и З.Т.(46) од Неготино, А.У.(23) и Ј.У.(30) од Нов Дојран, Ј.С.(19) од Тетово, С.И.(22) од село Ињево, радовишко, Р.Ј.(43) од Богданци и М.К.Е.(64) од Јамајка.

При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и екстази.

Полицијата информира дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Препорачуваме:

Земјоделските култури во „температурен шок“ од топлото време

Летната сезона во Гевгелија ја одбележаа неколку спортски турнири во мал фудбал

Ѓ. K.

Расте заинтересираноста за пчеларство во струмичко