• Sun. May 26th, 2024

Вредни археолошки предмети пронајдени кај жител на Висока Маала

Полицијата приведе 39 годишен жител на Висока Маала, струмичко. Кај него се пронајдени вредни археолошки предмети. Станува збор за 276 монети, три врвови од копје, 10 прстени, како и други предмети кои претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Претресот се случил вчера, од страна на  полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство, во соработка со СВР Струмица. Полицијата претходно имала сознанија дека 39 годишниот маж од струмичко Висока Маала има археолошки предмети кои се предмет на кривично дело по чл. 265 од КЗ „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Прегледан е неговиот автомобил опел вектра каде се пронајдени арехолошките предмети кои претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Б.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *