• Fri. May 10th, 2024

На 6 ноември ќе се одржи јавна расправа, презентација и стручна расправа за нацрт планот за ГУП 2023-2033

Одделението за Урбанизам при Општина Струмицља известува дека ќе се одржи Јавна расправа, јавна презентација и стручна расправа за Нацрт планот за Генералниот урбанистички план за градот Струмица со плански период 2023-2033 година.

Десетгодишниот нацрт план за Генералниот урбанистички план за град Струмица ќе биде достапен за увид на стручната јавност и јавно презентиран од 2 октомври до 2 ноември 2023 година во информацискиот систем Е-урбанизам, на огласната табла на Општина Струмица, во Секторот за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште и на Веб страницата на Општина Струмица.

Исто така во хартиена форма примерок од урбанистичкиот план ќе биде изложен на увид на стручната јавност во просториите на Секторот за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште.

Јавната расправа ќе се одржи на ден 6 ноември, понеделник, во 11 часот во просториите на Дом на АРМ, Струмица.