Забава Регион

На 25 април концерт „Звукот на човечноста“ на Елеуса Фондација

Елеуса Фондација го најавува одржувањето на првиот хуманитарен концерт „Звукот на човечноста“ што ќе се одржи на 25 април 2023 г. во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.


За првпат заедно на една сцена, сплотени од хуманоста и човечноста, ќе настапат бендовите на трите средни училишта, „Јане Сандански“, „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“, музичкото „Боро Џони“ и ВИС „Стихири“.


„Билетите по цена од 300 денари се пуштени во продажба на Билетарницата во НУЦК „Антон Панов“.
Не пропуштајте го ова несекојдневно музичко уживање и станете дел од нашето големо хумано семејство,“ порачуваат од Елеуса Фондација.

Препорачуваме:

Во јануари струмичани ќе добијат пониски сметки за затоплување со природен гас

Ѓ. K.

Во Радовиш се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби 2022“

Сузана Мицева

Поставени дезинфекциони бариери на двата влеза во Гевгелија

Ване Трајков