• Thu. May 16th, 2024

Поставени дезинфекциони бариери на двата влеза во Гевгелија

 Поставени се дезинфекционите бариери на двата влеза во општина Гевгелија. Општина Гевгелија во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија и ОВР- Гевгелија ги поставија двете дезинфекциони бариери, едната на влезот во Гевгелија, кај надвозникот, а другата на влезот од патниот правец Негорци-Гевгелија. 

По донесените мерки на Општинскиот кризен штаб и првиот случај на позитивно лице од Ковид-19, а со одобрување на Главниот кризен штаб, Општина Гевгелија ги обезбеди ваквите бариери од Кавадарци. Општина Гевгелија и останатите институции ги преземаат сите мерки и обезбедуваат уште еден вид заштита на граѓаните во борбата со спречувањето и ширењето на заразата oд Корона вирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *