Свет

Москва протера неколку службеници од бугарската амбасада

Москва протера неколку службеници од бугарската амбасада како одговор на протерувањето на руските дипломати од Софија во март.

Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, нотата за протерување неколку вработени во бугарската амбасада денеска му била предадена на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Руската Федерација, Атанас Крaстин.

Мерката, како што се наведува, е одговор на немотивираната одлука на бугарската страна во март годинава да прогласи десет дипломати на руската амбасада во Софија за непожелни лица, наведува „РИА новости“.

Препорачуваме:

Шолц: НАТО нема да војува против Русија

Сузана Мицева

Канада: Нема паника, но можен е недостиг на храна

Сузана Мицева

Епидемиолог на СЗО згрозена од глетката на финалниот натпревар меѓу Англија и Италија