• Fri. May 10th, 2024

Монодрамата Кротка на фестивали во Битола и Албанија

Монодрамата Кротка на фестивали во Битола и Албанија. Според информациите од здружението Транзен, претставата Кротка е официјално селектирана и ќе се претстави на фестивалите за монодрама: 22 Интернационален фестивал за монодрама Битола 2021 и 17 Интернационален фестивал за монодрама Албамоно, Албанија.

Претставата којашто е работена според текстот на истоимената новела на Достоевски, премиерно се изведе на сцената 112 во струмичкиот театар пред година и половина, во декември, 2019 година.

Драматизацијата на текстот и режијата е на Дејан Ангелов, главната улога ја игра актерот Стојан Велков-Трн, а музиката и музичкиот перформанс во претставата е на Ставре Ангелаков. Сценографијата и дизајнот се на ликовниот уметник Никола Пијанманов.

Продукцијата на оваа претстава е на здружението Транзен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *