Спорт

Македонските одбојкари вечерва против Турција за пласман на ЕП во Полска

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва го игра последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во Полска. Противник е селекцијата на Турција, против која е потребна победа за директно учество како првопласирана репрезентација од групата Ц.

Избраниците на Никола Матијашевиќ и со пораз може да се најдат на евромундијалот ова година. Потребно е да се освои бод во соочувањето со турците во Скопје и како најдобра второпласирана селекција да обезбеди вотро европско натпреварување

Капитенот на репрезентацијата, струмичанецот Никола Ѓеоргиев очекува подобра игра вечерва против Турција од која во првата меѓусебна пресметка претрпија пораз од 3:1 во сетови. Инаку Македонија во својата група славеше две победи против Босна.

Препорачуваме:

Младите на Пандев во Чешка – Ќе паднат и бразилски Флуминенсе и домаќинот Бохемијанс

Ване Трајков

Женскиот фудбал има огромен потенцијал-интервју во емисијата Вис спорт

Сузана Мицева

Астраионци го враќаат ракометот на голема врата во Струмица, ги надиграа надежите на Кире Лазарев од Св.Николе