• Sun. May 19th, 2024
golomrazica gevgelija

Поради ниските температури во Југоистокот изминатото деноноќие, се појави голомразица па патот кон селото Хума во гевгелиско. Локалните служби за комунални работи и патишта велат дека сите други патишта во општината се проодни. Само е отежнат сообраќајот на локалниот пат за с. Хума поради голомразица на асфалтот. Состојбата на патиштата ја утврдија општинските служби за комунални работи и локални патишта. Имено, службите aпелираат до граѓаните да внимаваат при возењето, особено, на исклучокот од с. Хума. И граѓани на канал ВИС јавувија дека има голомразица во гевгелиско, поради што потешко се движат.

Граѓаните да внимаваат и со себе да ја носат задолжителната зимска опрема, информираат од АМСМ.

Инаку, во четвртокот падна првиот снег во Југоистокот. Поради ниските температури, експертите дадоа и повеќе совети за земјоделците, за тоа како ладниот бран влијае врз земјоделството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *