Македонија Регион

До 10.000 евра кредит за невработените

Сите невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Тие можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање. Условите под кои може да се добијат кредитните средства се различни.

– Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра. По негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места. Тоа значи до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем.

Рокот на враќање на средствата е 7 години со вклучен грејс период од 1,5 година без оглед на износот на кредитните средства. Каматна стапка од 1% на годишно ниво. Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредид.

Барањето за кредит може да се поднесе во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување. Секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

 Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk. Исто така овие информации ги има на FB страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Кажете го вашето мислење.

Препорачуваме:

Влажниот бран поволен за земјоделството

Попладне со пороен дожд и грмежи

Мартин Динев од „Никола Карев“победник на олимпијадата по информатика

Сузана Мицева