Свет

Македонските брачни другари најмногу паѓале на јазичниот тест за германска виза

Многу луѓе паѓаат на германскиот тест пропишан за придружба на сопружниците. Ова произлегува од одговорот на федералната влада на прашањата на левичарскиот политичар Гокај Акбулут. Посебно се погодени испитаниците од четири конкретни земји, меѓу кои е и Македонија, објави Ди Велт.

По падот предизвикан од пандемијата на корона, повеќе луѓе минатата година добија визи за да живеат со своите сопружници во Германија. За многу сопружници, сепак, германскиот тест кој досега беше задолжителен останува камен на сопнување.

Според информациите, повеќе од половина од испитаниците од Македонија, Етиопија, Гана и Сенегал не успеале во 2021 година. Дури и за најголемата група – сопружници од Турција – позитивната стапка на полагање била само 61 процент.

Според федералната влада, околу 65.000 луѓе добиле виза да им се придружат на своите сопружници минатата година. Повеќето од нив дојдоа од Косово и Турција. Според информациите, друга поголема група била составена од сириски државјани кои живееле како бегалци во Либан. Во 2020 година беа издадени нешто повеќе од 45.000 брачни визи. Во 2019 година виза добиле околу 61.000 странци.

Препорачуваме:

СВЕТЗа првпат во историјата прогласена состојба на катастрофа во сите 50 американски држави

Сузана Мицева

БРАЗИЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДИЛМА РУСЕФ ОДБИВА ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Јанша: Го поддржувам испраќањето на системот С-300 во Украина

Сузана Мицева