Свет

БРАЗИЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДИЛМА РУСЕФ ОДБИВА ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Бразилскиот претседател Дилма Русеф изјави дека нема да поднесе оставка на функцијата, како што тоа го бараат опозицијата и нејзините политички противници, обвинувајќи ја дека е дел од големиот корупциски скандал, поврзан со државната нафтена компанија „Петробрас“.

Таа ги отфрла тврдењата дека е вмешана во корупција и ја обвини опозицијата дека со барањата да се повлече од функцијата и се нанесува штета на бразилската еконмија.

Русеф го бранеше и нејзниниот претходник и политички ментор, поранешниот претседател Луис Игнасио Лула да Силва, обвинет за перење пари и за примање поткуп од фирма која е поврзана со „Петробрас“.

Регионалниот обвинител побара Лула (70) да биде ставен во „превентивен притвор„ откако го обвини за непријавување на сопственоста врз една луксузна вила, во елитно бразилско приморско одморалиште.

Лула тврди дека нема сторено ништо противзаконско и се барни дека вилата не е негова, туку дека и припаѓа на градежната компанија ОАС.
Оваа компанија која е поврзана со „Петробрас„ затоа што работела за нафтената компанија, исто така се наоѓа под истрага за корупција.
Адвокатите на Лула сега признаваат дека поранешниот претседател има вложено свои пари во вилата, но тврдат дека тој подоцна одлучил да ги повлече.

Русеф и Лула се обвинуваат дека двајцата имаат направено „зделка„-таа и нејзината владина администрација да ја добијат неговата подршка и влијанието што го има, а тој за возврат, да одбие државни пари за неговата, приватна фондација, создадена откако замина од функцијата во 2013 година.

Дилма Русеф која сега е и лидер на владејачката Работничка Партија, порано била еден од директорите на „Петробрас“.

Препорачуваме:

Германци над 65 години ќе се вакцинираат со Астра Зенека

Сузана Мицева

Поплава во Загреб, пожарникарите добиле илјадници повици

Сузана Мицева

Протест во Вашингтон против парите во политиката