Спорт

Гевгелиски Кожув понижен од МЗТ во Скопје, уфрли едвај 48 поени

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија нова победа откако синоќа на домашен терен го совладаа Кожув со 74:48 (29:11; 12:6; 17:8; 16.23) во одложениот натпревар од 18.коло. Ова за македонскиот првак е 17.та победа во рамките на Првата кошаркарска лига. Првакот одигра одличен натпревар, иако на спортивната страна имаа индиспониран ривал. Гевгеличани во првите 30 минути постигнаа 25 поени, а само во последната 23.Најефикасен на дуелот беше играчот на Кожув Иван Тодоровиќ со 16 поени, додека кај домаќинот Немања Протиќ реализираше 13 поени. Табела: МЗТ Скопје Аеродром 36 бодови, Карпош Соколи 34, Куманово 32, Фени Индустри 30, Кожув 28, Работнички 26, Струмица 23, Бест 19 

Препорачуваме:

Пелистер го освои Купот во Струмица и заработи премија од 33 илјади евра

Ване Трајков

Макс славеше над Охрид – Шампионатот го завршуваат како трети за нов Евро настап

Ване Трајков

Колку и кои струмички клубови ќе добијат пари од Агенцијата за млади и спорт за 2018 ?

Ване Трајков