• Thu. May 23rd, 2024

Македонците најмногу пари онлајн потрошиле во Велика Британија

Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци лани потрошиле 156,2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31 проценти во споредба со 2021 година. 

Анализата што ја направи Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) врз основа на објавените податоци од Народната банка покажува дека за 21,1 процент е зголемен и бројот на е-трасакции што ги направиле Македонците купувајќи онлајн во странство.

Македонците лани најмногу пари потрошиле во Велика Британија (21,8 милиони евра), а во Луксембург направиле најголем број на трансакции (865,9 илјади евра).

– Најголемата вредност реализирана од Македонците кон Велика Британија, Унгарија и Холандија е очекувана ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат Amazon UK, ASOS (Велика Британија), WizzAir (Унгарија) и Booking.com (Холандија). Ако се има предвид дека во Луксембург е регистрирана европските филијали на Amazon и АliExpress преку кои се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од европските земји, без Велика Британија, очекуван е и најголем бројот на направените трансакции во Луксембург со најмала просечна вредност, велат од АЕТМ.