Свет

Лиз Трас: Треба да бидеме сигурни дека и Западен Балкан ќе има способност да ги одржи суверенитетот и слободата

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас на велигденскиот банкет зборуваше за војната во Украина. Таа ја истакна потребата од единство во светот што ја предизвика војната, со посебен акцент на состојбите во Западен Балкан.

Трас ја предупреди Кина дека непочитувањето на глобалните правила ќе го запре нејзиниот подем како суперсила и рече дека Западот треба да се погрижи Тајван да се брани.

„Државите мора да играат според правилата. А тоа ја вклучува и Кина“, рече Трас. Зборувајќи за војната во Украина, таа кажа дека тоа е „војна на сите“.

„Тоа е војна на сите нас бидејќи победата на Украина е стратешки императив за сите нас. Тешко оружје, тенкови, авиони, сето тоа ни треба. Некои велат дека не треба да даваме тешко оружје, од страв да не испровоцираме нешто поголемо, но мислам дека непреземањето акција е поголема провокација. Ова е време за храброст, а не за претпазливост“, рече Трус.

Таа изјави дека Велика Британија мора да примени цврст став кон заканите кои доаѓаат надвор од Украина. Таа, исто така, посочи дека без оглед на заканите на Кремљ, Финска и Шведска мора што поскоро да станат членки на НАТО.

„Нашиот нов пристап се заснова на три области: воена сила, економска безбедност и подлабоки глобални сојузи.

Препорачуваме:

САД го тужат поранешниот советник за национална безбедност поради откривање доверливи информации

Сузана Мицева

Доларот во пад, цената на нафтата порасна

Ѓ. K.

На изборите во Франција, Алијансата на Макрон освои 25,75 отсто од гласовите, а левицата 25,66 отсто