• Tue. May 14th, 2024

Продолжува штрајкот на локалните и регионалните медиуми

Со прекин на програмата и истакнување на барањата, вечер од 19:00 до 19:30 часот, почнува штрајкот на 96 регионални и локални медуми. Ова го соопштија од Здружението на овие медиуми „Медиум објектив“, откако до вчера надлежните не им одговорија на нивните барања.

Имено, тие бараат од Владата да биде прифатено нивното барање за ослободување од 50 отсто за плаќањето на надоместокот за дозвола, кое го испратиле лани на 24 ноември, откако претходно Регулаторот обезбедил 50 отсто намалување.

-Покрај тоа, подолг временски период бараме промена на Законот за АВМУ, посебно во делот на казнените одредби каде локално радио и национална телевизија за истиот прекршок се казнуваат исто, формирање на Фонд за медиуми и дополнување на членот 102 од Законот за АВМУ, вели Димитар Мицев, претседател на „Медиум објектив“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *