Регион

Кривична пријава за вработени во Општина Радовиш за злоупотреби на јавен повик

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Г. К. (65), К. С. (66), Р. С. (53) и С. П. (37), сите од Радовиш, поради постоење сомнение дека Г. К., К. С. и Р. С. сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето по член 353 и злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство по член 275-в од Кривичниот закон, а С. П. поради тоа што со своето стручно знаење им помогнал, со што и самиот сторил кривично дело по член 24, а во врска со член 275-в став 3 од Кривичниот закон.

Осомничените Г. К., К. С. и Р. С., како вработени во Општина Радовиш, во 2020 година презеле дејства во рамките на нивните надлежности по што бил склучен договор базиран на невистинита документација за воспоставување јавно-приватно партнерство за реконструкција на јавното осветление во општина Радовиш преку воведување мерки за енергетска ефикасност, а С. П. како надворешно лице со стручни совети им помогнал во манипулирање на податоците во физибилити-студијата, изготвена за тој договор.

Врз основа на вака склучениот договор, Општина Радовиш е обврзана за осум години да исплати сума во износ од 104.667.215 денари (без ДДВ).

Препорачуваме:

Водици во Сушица

Штабот за заштита и спасување на општина Струмица го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК-за сите економски оператори – маркети

Ване Трајков

Кампања за елиминација на насилство врз жени во политиката

Стојне Митева