• Sun. May 12th, 2024

Кампања за елиминација на насилство врз жени во политиката

Кампања за елиминација на насилство врз жени во политиката

Националниот демократски институт (НДИ) денеска почнува кампања за подигнување на јавната свест за елиминација на насилство врз жени во политиката. Слоганот на кампањата е „Заокружи не за насилство врз жени во политиката”.

Кампањата е дел од проектот „WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените”, имплементиран од Националниот демократски институт (НДИ), а финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна поддршка (СИДА).

Како што е најавено, предвидени се обраќања на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и претставници на Амбасадата на Шведска во земјава и на НДИ.

Почетокот на кампањата ќе биде означен во Музејот на современа уметност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *