Регион

Ковачевски: Балканот е важен за Европа и Европа за Балканот

„Никако не можев да разберам во минатите години кога претставници на држави кој меѓу себе немаат граници доаѓаат и ни финансиираат проекти за унапредување на граничното управување“, рече премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски во своето воведно обраќање на денешнито состанок на Отворен Балкан во Белград, Србија.

„Балканот е важен за Европа, како и Европа за Балканот. Убеден сум дека тоа ќе стане сѐ појасно за сите. Тука не сме само да ги промовираме виното и храната, туку и да ги зближиме луѓето, чекор по чекор, како што покажавме вчера“, рече Рама.

Премиерот на Албанија, Еди Рама во своето обраќање на самитот Отворен Балкан во Белград во повеќе наврати ја потенцираше важноста на Иницијативата изнесувајќи ги позитивните придобивки од неа особено во време на економската и енергетската криза како последица од војната во Украина.

Како што кажа Рама соработката во енергетиката и стопанството овозможува сите земји членки на оваа иницијатива да имаат корист од ресурсите на трите држави. Како што оцени тој, Отворен Балкан е можност и за дополнително зближување на народите.

Препорачуваме:

Општина Дојран продаде три парцели во населбата Карач за сместувачки капацитети

Ване Трајков

Еве што ќе може да купите за време на Викендот без ДДВ

Стојне Митева

Во првите шест месеци од годината зголемен бројот на пожари во Струмица