• Sun. May 12th, 2024

Аргентинската потпретседателка за влакно избегна атентат

Аргентинската потпретседателка Кристина Фернандес де Киршнер за влакно успеала да избегне атентат откако пиштолот што кон неа го вперило вооружено лице се заглавил и не испукал, пренесува Би-би-си.

Според медиумите, во еден момент, додека Киршнер ги поздравувала своите поддржувачи пред нејзиниот дом, вооружен маж успеал да се пробие низ толпата и да го впери пиштолот директно во нејзиното лице.

Аргентинските безбедносни власти го идентификувале напаѓачот и според информациите станува збор за 35-годишниот Фернандо Андрес Сабаг Монтиел, бразилски државјанин. Локалните медиуми наведуваат дека тој бил роден во Саун Пауло, од татко Чилеанец и мајка Аргентинка. Тој повеќе од 20 години живеел во аргентинската населба Вила дел Парке, претходно работел како таксист, а во моментов бил невработен и ѝ бил добро познат на полицијата. Минатата година Монтиел добил кривична пријава откако бил запрен од полицијата во возило без регистарски таблички и кај него била пронајдена мачета долга 35 сантиметри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *