Регион

Костадинов: Потпишавме договори со 16 лични асистенти

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска потпиша договори со 16 лични асистенти.

-Тоа се 16 лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес и тоа 14 во Струмица и по еден во населените места Муртино и Градско Балдовци. Во пријатна и атмосфера исполнета со конструктивни разговори и идни планови, ги потпишавме договорите за нивно работно ангажирање до крајот на оваа учебна година. Им се заблагодарив што се пријавија на јавниот повик и им посакав успешна работа, напиша градоначалникот Костадинов на Фејсбук.

За ангажирањето на 16-те лични асистенти обезбедени се средства од општинскиот буџет. Струмица е првата општина во Република Северна Македонија која започна со ангажирање на лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес уште во 2016 година, додаде Костадинов.

Препорачуваме:

Гори во струмичко и во Тетово, локализирани осум пожари

Во Богданци нацртан мурал со ликовите на Ѓорѓи Колозов и Ванчо Петрушевски

Ѓ. K.

Штети по земјоделските посеви во струмичко од невремето со силен ветар

Ване Трајков