• Sun. May 19th, 2024

Гори во струмичко и во Тетово, локализирани осум пожари

Во земјава активни се два пожара, меѓу струмичките села Требичино и Василево и во Тетово, каде гори депонијата. На терен се излезени екипи на Територијалната противпожарна единица – Тетово (ТППЕ), кои вршат гаснење.

Во текот на вчерашниот ден локализирани се осум пожари. Тоа се во општина Неготино, полигон Криволак, општина Чашка, селата Лисиче и Голозинци, општина Илинден, село Миладиновци, општина Делчево, село Стар Иственик, општина Богданци, месност викана Погана, општина Охрид, село Лескоец, општина Велес, меѓу селата Бузалково и Сливник и градската депонија во општина Штип.

-Прекинато е надворешното горење и можноста за проширување, но сепак постои внатрешно тлеење на согорливиот материјал од  пожарот. Се дежура заради можноста од проширување на пожарот, соопшти ЦУК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *