Регион

Костадинов на бизнис форум во Италија

Градоначалникот Костадин Костадинов и претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски, престојуваат во работна посета на Италија.

На промоцијата на Првата италијанско – македонска стопанска комора АПИ НОРДЕСТ во Тревизо, на којашто учествуваа бизнисмени и претставници на локалната и централната власт на Италија и Северна Македонија, градоначалникот Костадинов ја промовираше Струмица со сите нејзини потенцијали и можности, особено квалитетното земјоделско производство од струмичкото поднебје, а главниот акцент го стави на поволностите кои што ги нуди Општината за инвеститорите и локалниот економски развој.

За посебниот влог во официјалното стартување на комората, градоначалникот Костадинов доби признание од претседателот на АПИ НОРДЕСТ, Мумир Шемши.

-Со посебна гордост ја промовирав нашата Струмица во Тревизо, Италија, Зборував за нејзините успешни практики, потенцијали и можности коишто ја прават најсилна општина во нашата држава. Се гордеам со нашата Струмица, со нејзиниот огромен потенцијал и моите вредни граѓани, каде и да одам има што да кажам и покажам, рече градоначалникот Костадинов.

Освен учеството во бизнис форумот, градоначалникот Костадинов оствари и билатерална средба со градоначалникот на Тревизо, Марио Конте, на којашто разменија искуства од работата на двете општини, а разговараа и за можностите за искористување на потенцијалите преку воспоставување на соработка во повеќе области.

Дводневната работна посета и остварените средби, уште еднаш го потврдија цврстото пријателство со Италија и големиот потенцијал за соработка во повеќе области.

Препорачуваме:

Видео репортажа – Варварица во еден ден собра иселеници, борци, планинари, моторџии, велосипедисти а дојде и премиерот Заев и обдусманот Мемети

Ване Трајков

ЦУК: Струмичките пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во Моноспитово и Дукатино

Ѓ. K.

ТППЕ Струмица интервенираше на гасење на запалена депонија во близина на с. Колешино

Ѓ. K.