• Mon. May 20th, 2024

Инспекторатот го задолжи „Комуналец“ до крајот на месецот да ја уреди депонијата „Шапкар“

Државниот инспекторат за животна средина го задолжи струмички Комуналец да го изгасне огнот што тлее на депонијата Шапкар кај Добрашинци, да го порамни отпадот и да го покрие со слој земја. Ова се заклучоците од вонредниот инспекциски надзор извршен на депонијата по пријава од граѓани дека со денови чади и го загадува воздухот.

Кога гори депонијата, чадот од Добрашинци е видлив до Струмица, за што сведочат и видеата што ги објавуваат граѓанските активисти.

Од Јавното комунално претпријатие велат дека веќе почнале со порамнување на отпадот и околу една четвртина е завршена. За целосно израмнување ќе им се потрепни околу две недели. Според изјавите на Комуналец, порамнувањето го прават на секои два до три месеци. За последните палења на депонијата велат дека не се подметнати, туку станува збор за самозапалување поради високите температури пред невремето.

Депонијата Шапкар треба да биде регионален центар за отпад на Југоистокот. На површина од 12 хектари треба да се собира отпадот од десетте општини, но по една деценија години по првичните преговори оваа идеја не е реализирана. Пред четири години Владата се задолжи таа да ја изгради депонијата, но засега нема ништо од тој проект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *