Регион

Костадинов им го честита Рамазан Бајрам на муслиманските верници

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, им го честита Рамазан Бајрам на муслиманските верници.

„По завршувањето на Рамазанскиот пост, време е да му се препуштите на радувањето и празнувањето на Вашиот голем верски празник Рамазан Бајрам.

Се надевам дека празничната радост и среќа, онака како што доликува, најпрвин ќе ја споделите со членовите на семејството, потоа со пријателите и сродните луѓе по вера, а на карајот и со сите останати сограѓани, оти суштината на нашето живеење е во заедништвото, разбирањето и споделувањето на вредностите. Ви посакувам убави празнични денови исполнети со мир, љубов, милост, спокој, благосостојба, солидарност, верност кон Бога и уште многу причини за радост во вашите срца и души,„ напиша на фејсбук Костадинов.

Препорачуваме:

Земјоделците и денес на протест.Бараат повиски откупни цени на зелката,краставицата и лутата пиперка.

Малолетничка од радовишко Габревци почина откако паднала од трактор

Ване Трајков

Започна изградбата на повеќенаменското игралиште во Чанаклија

Ѓ. K.