Регион

Започна изградбата на повеќенаменското игралиште во Чанаклија

Денес започна изградбата на повеќенаменското игралиште во Чанаклија. Во наредниот период истото ќе биде асфалтирано, ќе биде поставено и ново осветлување.

„Многу генерации од оваа населено место во Општина Василево ќе имаат спомени од детството на оваа игралиште“, истакна градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов.

Чанаклија ќе добие ново квалитетно место за рекреирање, а игралиштето ќе го користат и ученците од подрачното училиште Атанас Нивичански.

Градоначалникот Андонов најави и дека во наредниот период нови повеќенаменски игралишта ќе добијат Висока Маала и Радичево.

Препорачуваме:

Дури и да се невработени младите никогаш нема да се вратат на нивите

Дојран ќе биде полн со туристи за Илинден

Делегација на Гевгелија во Пазин, Хрватска

Сузана Мицева