Регион

Костадинов ги прими наградените готвачи од СОУ „Димитар Влахов“

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска организираше прием за членовите на екипата од паралелката за угостителство и туризам во СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица која на меѓународниот гастро фестивал „Ниш 2022“ во Србија освоија 16 медали и 5 пехари во повеќе категории.

На приемот разговараа за содржините на натпреварот, за стекнатото искуство, но и за силната конкуренција од 300 учесници од 9 држави. Градоначалникот Костадинов  посебно ја нагласи својата гордост што овие високи меѓународни награди се освоени од првата генерација ученици во паралелката за угостителство и туризам во СОУ „Димитар Влахов“, што значи стручното образование, за кое тој е голем поддржувач, ќе даде силен влог во локалниот економски развој.

Препорачуваме:

Изложба на плакати од годинашниот конкурс на 100 ИЛЈАДИ ПОЕТИ ЗА ПРОМЕНА – MMXXIII

Ѓ. K.

Одбележување на Денот на македонскиот јазик

Стојне Митева

Разговор со Никола Делевски професор во СОУ „Никола Карев“