• Tue. May 14th, 2024

Се поставува атмосферска канализација на улица во Василево

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, вчера направи  увид во градежните активности на улицата во т.н Ничевска маала во с. Василево, каде продолжуваат активностите со поставување на атмосферска канализација.

Ова е всушност дел од улицата која води од црквата  Пресвета Богордица до ООУ „Гоце Делчев“ во с. Василево, чија вкупна должина изнесува 720 метри, а Буџетот за нејзина реализација е околу 6,5 милиони денари од кои 2 000 000 денари општината ги обезбеди од Владата на РСМакедонија, преку Бирото за регионален развој и околу 4,5 милиони од сопствени извори на приходи.

Дел од оваа улица, пред нешто повеќе од месец дена е комплетно завршен, односно е асфалтиран.

Изведувач  е градежната компанија Евроградба Инженеринг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *