Регион

Коронавирусот се смирува

Коронавирусот се смирува велат најновите податоци. Неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец бележат стабилизација. Се смета дека епидемијата во земјата е под контрола. Министерството за здравство додава дека речиси сите епидемиолошки параметри според кои се евалуира состојбата со епидемијата бележат тренд на намалување. И со тоа всушност се зголемува бројот на оздравени случаи.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 11 до 17 јануари, но процентот на позитивни од тестирани изнесува 16% што споредено со средината на месец декември (извештај на ИЈЗ за периодот 14-20 декември 2020г) е намалување од 13,3%, кога процентот изнесувал 29,3%.

Истиот извештај од месец декември бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во една недела изнесувал 4.585. Податоците на извештајот на ИЈЗ за минатата недела говорат дека таа бројка изнесува 2.397, што покажува намалување од 48%. За истиот период бројот на смртни случаи на неделно ниво е речиси преполовен. За сметка на ова, значително е зголемен бројот на оздравени пациенти.

Според вчерашната дневна статистика бројот на активни случаи коронавирус изнесува 11.924. Споредено со истиот датум во декември кога бројката е 21.979, бројот на активни случаи е намален за 46%.

Од МЗ наведуваат дека еден од клучните индикатори е и бројот на хоспитализации на инфективните оддели во главниот град и болниците низ земјата. Вчера биле хоспитализирани 598 пациенти, што е речиси двојно помалку од хоспитализираните на истиот датум во декември, односно 51%.

По значителното намалување на бројот на хоспитализации, затворени се ковид – центрите на Клиниката за очни болести и Клиниката за уво, нос и грло, а клиниките се враќаат на својата редовна работа. Министерството за здравство порачува граѓаните да останат одговорни и да продолжат доследно и целосно да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19 и превенција од понатамошно ширење на вирусот.

Речиси готова модуларната болница во Струмица

Во Струмица пак, во тек е поставувањето на модуларната болница, којашто наскоро треба и да се комплетира. Меѓутоа поставувањето на болницата требаше да биде завршено до крајот на претходната 2020 година, но работата се одложи и во јануари. Во земјава се очекува и пристигнување на вакцината против ковид-19.

Препорачуваме:

Возач платил бензин со фалс денари

Ване Трајков

Ќе се тестираат тестираат ли транспортерите при влез во земјава

Стојне Митева

Земјоделците бараат поголема контрола на откупувачите и трговците

Ване Трајков