• Sun. May 19th, 2024

Матурантите ја бојкотираат наставата

anketa komunikacija

Матурантите ја бојкотираат наставата на почетокот на второто поллугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура.

„Сојузот на средношколците донесе одлука да почне со бојкотирање на наставата во четврта година од четврток, 21 јануари. Бојкотот ќе биде сè додека нашите барања за државната матура не бидат исполнети“, соопшти Сојузот на средношколците.

Од таму појаснуваат дека одлуката за бојкот доаѓа откако образовните институции, односно Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар (ДИЦ) не биле подготвени да соработуваат за нивните барања да бидат прифатени и тие успешно да се спроведат.

Матурантите бараат и МОН и Државниот испитен центар (ДИЦ) во март годинава да објават и презентираат план и програма за тоа како ќе изгледаат скратените наставни програми и другите материјали за испитите.

Сојузот на средношколците најави дека бојкотот ќе трае една недела, а потоа дополнително ќе одлучат дали ќе продолжат да протестираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *