Забава Регион

„Концертот под маски“ на Боро Џони од „додадена вредност“ станува стожер на струмичкиот карневал

Од театарските мјузикли преку македонските евергрини, учениците и професорите со блескава леснотија ги пренесуваа присутните на синоќешниот концерт под маски „Дами и господа“ низ културни и музички епохи. Претставата која се прелеваше од минута во минута со умешна смена на учесниците, даваше чувство на целосна исполнетост, еден природен, неизнасилен тек кој вешто ги впиваше гледачите во приказната. Небаре на сцената се само искусни пеачи, актери и уметници, а не стотици деца со мала група наставници, некои од нив за првпат застанати пред толкав аудиториум.

Ако и изгледало застрашувачки од нивна перспектива, оние во салата, н о тие што го следеа преносот во живо преку Тв ВИС, тоа не го забележаа. Се свиреше и пееше, но и глумеше  во живо.

Тринаесетиот концерт на музичкото училиште „Боро Џони“  покажа дека ентузијазмот кај педагозите не само што е присутен, туку е и доста висок. Ако се знае дека за еден месец интензивна работа се осмислила и подготвила претстава во траење од  околу 100 минути.

„Концертот под маски“ останува еден од најавтентичните карневалски настани, кој станува стожер а не само додадена вредност на струмичкиот карневал.

Сузана Мицева

Препорачуваме:

Градоначалникот Костадинов во посета на село Сачево каде што се реконструира паркот и се чисти каналот

Ѓ. K.

Како би се одвивал образовниот процес при генералниот штрајк?

Стојне Митева

Со Фестивал на локална храна против рудници во Валандово