• Fri. May 17th, 2024

Дојран ги промовира своите убавини на Саем за туризам во Белград

Општина Дојран и годинава учествува на Саемот за туризам, што  се одржува до 26 овој месец во Белград.

Според информациите од локалната самоуправа, на овој престижен саем se преставуваат убавините на Дојран и Дојранското Езеро, локалните кафеани, ресторани и сместувачки капацитети.

Имаме голем број промотивни материјали, кои ќе бидат поставени на штандот на Дојран на Белградскиот саем и ќе бидат поделени на заинтересираните посетители. Инаку, лани Дојран имаше успешна промоција на туристичките капацитети на Саемот во Белград, а според остварените ноќевања значајно место заземаат тие од гостите од Србија, кои порано само поминуваа низ Дојран на пат кон Грција, но од лани се поголем е бројот на српски туристи кои остануваат и повеќе денови на брегот на Езерото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *