Регион

Карневалот во 2023 година ќе се одржи на 25 февруари

Следната година Струмичкиот карневал ќе биде во месец февруари. Одреден е датумот кога Струмица под маска ќе ја слави долгата традиција. Февруарскиот карневал значи дека карневалџиите каде и да е ќе мора да почнат со подготовките на своите креации. Осмислување, барање материјали, кроење, шиење, везење и лепење. Долг е процесот од првичната идеја до готовиот костим што ги плени гледачите кои секоја година со нетрпение очекуваат да се појават во дефилето на струмичките улици.

Последните години карневалскиот одбор се труди да ги мотивира училиштата во регионот да учествуваат со свои креации со цел ширење на традицијата кај младите и раснење на децата со карневалскиот дух.

Препорачуваме:

Дваесетина маски ќе дефилираат на струмичкиот карневал

Зајакнување на дуалното образование за задоволување на потребите на реалниот сектор

Ване Трајков

Струмица ја отпочна постапката за отворање Младински центар

Ване Трајков